Категории

Не е успех ако се омажиш богато, а и понатаму немаш ништо свое!

Денешните жени живеат во заблуда. Од мали нозе им се наметнува ставот дека најголем успех е ако се омажат добро, подразбирајќи добра финансиска ситуација и материјално богатство.

Што е спонзоруша? Едноставната дефиниција би била: убава и привлечна жена која е во лов на богат маж. Иако на прв поглед изгледа како едноставна задача за решавање на животната егзистенција, конкуренцијата е голема и остварувањето на целта не е лесно. Како да „уловите“ богат маж?

Кои услови се бараат на овој „конкурс“? Добар физички изглед. Ако е потребно, посегнување по пластични операции, затоа што треба да се претставиш себеси како производ со совршен дизајн. Да се биде на вистинско место во вистинско време. Ако девојката бара фудбалер, треба да оди на места каде што тие се собираат, обично во одредени ноќни клубови.

Ако бара претприемач, би било добро да има пријателка која ќе ја воведе во деловните кругови. Да се распраша дали дотичниот е слободен или во лабава врска, и да „влета“ во вистинско време. Контрола на емоциите. Не го слушаш срцето, туку инстинктот. Тој не мора да ти се допадне, но важно е да се вклопува во твоите планови.

Добар желудник. Ако веќе се мажиш поради пари, твојот принц не мора да биде лепотан. Подобро е да знаеш да молчиш и да го слушаш својот избраник, затоа што тој е „фаца“ а ти си само негова придружба. Научи да се смешкаш. На твојот богат маж му е потребно среќно лице кое ќе му го претставува на јавноста.

Не биди инаетлива и намуртена. Спонзорушата не е личност која плаче поради своето скршено срце. Таа плаче поради пропуштените прилики, посилната конкуренциј или лошото инвестирање. Проблемот кај трката на спонзоруши е нивната голема конкуренција, затоа што кога ќе дојде помлада и подобра верзија, и штом силиконите и имплантите попуштат, доаѓа нејзиното пропаѓање.

Ако си избрала маж поради пари, а тој тебе поради изглед, тоа е логичниот тек на настаните. Зарем тоа е навистина мерило на успехот, претворувањето на жената во материјал со рок на траење? Не е успех тоа ако се омажите богато а и понатаму немате ништо сопствено. Борбата за еманципација така испаѓа како претстава каде што жените сакаат право на глас, а на крајот го отфрлаат за да бидат придружба на некој богат спонзор.