Категории

Не ми купувај ни куќа, ни стан – дај ми доволно висока плата да можам сама да си ги купам

Не ми купувај ни куќа, ни стан – дај ми доволно висока плата да можам сама да си ги купам.
• Не ми прави отпис на долгови – зајакни ме никогаш да не западнам во нив.
• Не ме терај да раѓам деца – дозволи ми сама да одлучам колку деца сакам да имам во зависност од тоа колку можам да издржувам.
• Не ми купувај карта за Венеција – вработи ме, за да можам самата да изберам каде ќе патувам.
• Не ми давај бесплатни карти за театар – подобри ми го студентскиот стандард за да можам сама да си ја изберам претставата што сакам да ја гледам.
• Не ми исплаќај рати од кредит – направи ме кредитоспособна да можам сама да си го вратам.
• Не ми купувај компјутер – дај ми студентски кредит или стипендија со кои ќе можам сама да си го изберам и купам компјутерот што ми треба.
• Не ми одредувај кога да се возам со автобус бесплатно – зголеми ми ја пензијата да можам да се возам и во останатите денови, кога нема да бидам гледана попреку затоа што некому правам гужва.
• Не прави да се чувствувам како неспособен инвалид – направи да се чувствувам како способен и продуктивен човек.
• „Не ми давај да јадам риба – научи ме како самата да ја уловам“, ја знаете сите. Нашата држава не не научи. Нашата држава на најсиромашните им фрли крапче, на грст луѓе им сервираше пастрмка на астал, а сите останати ги прати по риба… на разни места низ светот!

Прегледи:
365
Објавено на:
28.06.2016