Категории

Не можеш да ги промениш луѓето – Можеш само да ги прифатиш и сакаш онакви какви што се

Не можеш да ги пресоздадеш луѓето. Не можеш да ги промениш во нешто кое посакуваш да бидат. Не можеш да ги претвориш во личност каква ти посакуваш да се. Не можеш да ги поправиш нивните скршени парчиња без оглед на тоа колку се трудиш. Можеш само да ги оставиш да одлучат самите да заздрават. Можеш само да ги оставиш сами во нивниот процес. Можеш само да им посакаш да научат како да бидат личност за која имаат потенцијал да станат.

Не можеш да ги натераш луѓето да погледат подлабоко во тебе и да видат колку вредиш. Не можеш да ги натераш да бидат подготвени кога имаат толку нешта кои треба да ги научат сами. Не можеш да ги натераш да бидат ранливи кога се тврди како камен одвнатре сатоа што светот ги направил толку сурови и студени.
Не можеш да ги натераш да се ослободат од својот товар кога го носат толку долго. Не можеш да ги натераш да чувствуваат. Не можеш да ја натераш темнината да биде светлина повторно кога во себе носат толку многу тежина.

Не можеш да ги пресоздадеш луѓето, можеш само да избереш да ги сакаш онакви какви што се или да заминеш. Не можеш да им помогнеш да ја испишат одново својата приказна ако тие не ти го дадат пенкалото.
Не можеш да ги натераш да ја видат светлината ако не одлучат самите да го тргнат превезот од своите очи. Не можеш да направиш да бидат среќни ако одлучиле да го закопаат своето срце во својата тага.
Некои ќе одбијат се добро затоа што сеуште еден дел од нив е повреден и болен.

Животот има одредени начини на кои ги учи луѓето нешта кои треба да ги дознаат, и понекогаш можеби е доцна, можеби доаѓаат кога не се подготвени да ги примат. Не е твојата работа да им ја олесниш и поправиш тежината, некои тежини треба да ги носат сами. Никогаш не е твоја должност да поправиш некого, нити да го натераш да те сака.

Прегледи:
600
Објавено на:
07.11.2020