Категории

Не се срамам од целулитот: „Plus size“ моделот предизвика лавина од коментари поради фотографиите без фотошоп!

За претставување на најновата верзија на бикини и едноделни костуми за капење, една компанија ја одбра најпознатата „plus size“ убавица Ешли Грејем и тоа прикажувајќи ја со неретуширани фотографии.


Иако и модната индустрија и медиумите се навикнати на обработени фотографии, потегот со овие фотографии наиде на громогласно воодушевување и одобрување.


На Инстаграм многумина ја пофалија идејата и реоа дека би сакале што повеќе манекенки да го следат нејзиниот пример. Таа вели дека овие фотографии се потсетник дека автентичноста е убава. Манекенката на Инстаграм има 6.7 следбеници и е прва „plus size“ убавица со големина 40 (L), која ја красела насловната страница на магазинот „Sports Illustrated“. Кампањата под наслов „Моќта на папараците“ има за цел да ја одржи желбата за транспарентност во однос на средувањето на модните фотографии, како и барање за поширока дефиниција на убавината.

Прегледи:
453
Објавено на:
05.05.2018