Категории

Не се стремете да му се допаднете на сите – Вие не сте стандардна големина која одовара секому

Еден ден, ќе пронајдете некој што ќе ве сака токму онакви какви што сте.

Одвојте момент да разберете дека не треба секој да ве сака, и тоа е сосема во ред. Вие не сте стандардна големина која одовара секому, наменета за стотици раце кои бараат брза поправка. Не требаше да се истегнувате повеќе од вашите можности за да ги задоволите сите стандарди, чекорејќи по тенок мраз. Треба да сакате и да ве сакаат, но само луѓе што ја препознаваат вашата вредност, а не некој што се обидува да ја создаде.

И додека не дојде тоа време, научете прво да се сакате себе си. Мора да го направите тоа, и мора да го сторите тоа без двоумење и сомневање. Затоа што како некој друг некогаш може да види дека вредите ако постојано им покажувате дека не е така? Како може некој да ве сака ако им кажете дека не вреди да ве сака? Затоа, ве молам, сакајте се.

Сакајте го секој дел и секоја ткаенина што ве сплетува. Еден ден, ќе пронајдете некој што ќе ве сака токму онакви какви што сте.