Категории

Нејзината тајна на долговечноста: Оваа баба пуши по 30 цигари дневно – и има 112 години

Батули Ламичан од Непал првата цигара ја запалила како тинејџерка и нема намера да престане да престане со пушењето.

Батули има 112 години, и вели дека тајната на нејзината долговечност е токму во тоа – во пушењето цигари. Пуши околу 30 дневно во последните 95 години. Родена е во 1903. година, а на 17 години станала страстен пушач.

Во меѓувреме надживеала многу луѓе од околината, вклучувајќи ги и своите деца.

“Не се грижам за тоа колку сум стара, секако ќе бидам стара. Видов многу работи во животот. Многу работи се променија”, вели Батули.

“Нема ништо лошо во пушењето. Пушам веќе 95 години”, додала таа, пренесуваMirror.

Сепак, таа советува дека треба да се избегнуваат “комерцијални” цигари, односно индустриски направени. Батули препорачува локален тутун намотан во лист.

Инаку, пред 8 децении ја напуштил сопругот и заминал во Индија во потрага по работа. Четири деца надживеала, додека еден од синовите е жив. Иако прилично мала, сите работи ги врши сама. Живее од донации од локалниот хинду храм.

112-godini-pusacka-nepal-02

“Луѓето од модерното време се премногу под стрес. А оние кои не работат или се мрзливи не живеат долги. Мора да бидете активни и без стрес. Секогаш треба да бидете среќни, така долго ќе живеете”, заклучила бабата од Непал.

Прегледи:
559
Објавено на:
27.01.2016