Категории

Нејзините зборови треба да ги прочитате: Ова е рецептот за среќен живот на Џеј Ло

Џенифер Лопез со своите следбеници на Инстаграм сподели неколку совети како да останете позитивни во тешките моменти кои го погодија цел свет.

Таа, како и повеќето јавни личности, на овој начин секојдневно комуницира со фановите, а со последната објава испратила охрабрувачка порака која допира до суштината на животот.

Таа има рецепт како да го пребродите стравот и анксиозноста, состојби кои се јавуваат кај многу луѓе во овој период. Ова е нејзиниот рецепт за среќен и спокоен живот:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo_mama) on


„Најважно за мирен и среќен живот е да бидете благодарни!“ Покрај тоа, споменала и дека секое утро кога ќе ги отвори очите и секоја вечер пред спиење, секогаш помислува на три добри нешта за кои е благодарна. Таа благодарност кон тоа што го има и што неа најмногу и значи е клуч до нејзиниот среќен живот!

Прегледи:
435
Објавено на:
07.05.2020