Категории

Некои луѓе ќе почнат да те почитуваат само кога ќе заминеш

Некои луѓе не ве ценат додека не заминете. Кога веќе не им давате поддршка, што тие ја прифаќале како должност, кога веќе не им пишувате убави СМС-пораки, кои тие ги игнорирале, кога веќе не ги среќавате со раширени раце секогаш кога ќе ви тропаат на врата среде ноќ и кога веќе не го чекате  нивниот повик.

 

Некои луѓе не сфаќаат колку сте ги сакале, сè додека можат да најдат некој друг што исто толку би ги сакал. Кога не можат да најдат некој што ќе ги сака такви какви што се, кој гледа во нив буквално како да се единствени во светот, некој што би ги натерал да се чувствуваат како дома – безбедни и заштитени од хаосот на целиот свет.

Некои луѓе ќе се обидат да го привлечат вашето внимание само кога ќе престанете да им го покажувате тоа. Кога ќе престанете да ги сакате сите нивни објави, се јавувате среде ден за да кажете колку ги сакате, кога ќе престанете да им купувате ситници .

Некои луѓе ќе се обидат да ве освојат само откако ќе ве изгубат.

На некои луѓе ќе им недостасувате само кога ќе ги заборавите. Кога ќе заборавите да им посакате среќен роденден, кога ќе ја заборавите нивната омилена песна, нивните тајни, кога ќе ги отфрлите сите спомени.

Некои луѓе ќе почнат да те почитуваат само кога ќе заминеш. Кога ќе сфатите дека сте се жртвувале за нив, кога ќе сфатите колку пати сте оделе против себе,  кога ќе сфатите колку пати им простувате повторно и повторно. Кога ќе сфатат дека си заминал, затоа што ти беше доста од сè, затоа што ти го мешаа трпението и разбирањето со слабост.

Некои луѓе ќе ве сакаат само кога ќе престанете да ги сакате. Кога веќе не ви недостасува нивниот допир и звукот на нивниот глас. Кога ќе видат дека сте се промениле и повеќе не ги гледате како порано. Кога веќе не размислувате за нив пред спиење. Кога тие конечно ќе бидат подготвени да ви ги отворат своите срца, откако ќе ги скршат вашите парчиња.

Прегледи:
577
Ознаки:
· ·
Категории:
Мисла на денот
Објавено на:
03.09.2020