Категории

Неколку ефикасни трикови како да ги зголемите усните на природен начин

Полните усни станаа голем моден тренд во последните неколку години, но не секој ги сака заради трендовите под скалпелот, па се свртеа кон природни начини на кои можат да ги направат усните поголеми.

Откако ќе ги измиете забите, измијте ги и усните
Усните ќе бидат помеки и поубави, и ќе изгледаат поголеми. Четкањето не само што ќе ги отстрани мртвите клетки на кожата, туку исто така ќе ја стимулира циркулацијата на крвта, што малку ќе ги зголеми усните.

Направете пилинг за усни
Направете паста од шеќер и масло од малина, а потоа нанесете ја смесата на усните. Масирајте ги усните во мали кругови, а потоа исплакнете ги.

Состојки кои природно ги зголемуваат усните

– есенцијално масло од цимет

Ако нанесете капка масло од цимет на усните тоа ќе ја зголеми циркулацијата на крвта и усните ќе изгледаат поголеми и поубави.

– есенцијално масло од мента

Есенцијалното масло од мента делува на ист начин како и есенцијалното масло од цимет.

– екстракт од чили

Лутите пиперки го подобруваат протокот на крв и циркулацијата. Кога се нанесува директно на усните, делува како природен серум за зголемување на усните.

Сепак, бидете внимателни, бидејќи есенцијалните масла во директен контакт со кожата можат да предизвикаат алергиски реакции.