Категории

Неколку идеи како да го употребувате чиа семето

Чиа семето има потполно неутрален вкус, па затоа може да се користи како прилог во секакви
оброци. Најчесто се препорачува да се комбинира со салати, супи и сосови, но и како додаток во подготовката на леб, колачи и десерти. Употребата како додаток во сокови, смути и каши – веќе е глобален тренд.

Еве неколку идеи како да го искомбинирате чиа семето и да добиете хранлив и вкусен оброк или напиток:

  • Измешајте мелено семе од чиа, лен, тиква, сончоглед или сусам во мед и консумирајте секое утро по една лажичка за енергија
  • Чиа семето додадете го во свежо цеден овошен сок или сок од зеленчук
  • Направете вкусно смути во комбинација со други семиња
  • Може да се користи како замена за јајце. Промешајте 1 лажица чиа семе (цели зрна или мелено) со 3 лажици вода и по 10-15 минути ќе добиете текстура налик на гел, слична на белките од јајцата
  • Мелете го семето и измешајте го со брашно, млеко и јајца за да направите леб, палачинки грицки и колачиња

  • Одличен додаток е во преливите за салата
  • Може да направите и овошен сок – Чиа Фреска
  • Додадете чиа семе во изматените јајца, натопете 10 минути и направете омлет
  • Измешајте мелено чиа семи со путер или путер од кикирики за хранлив намаз
  • Направете вкусен џем со чиа. (Измешате чиа семе со бобинки и стевиа или мед)
  • Како замена за лебни трошки.
  • И секако најпознатиот десерт – чиа пудингот.

Рецептите за Чиа пудинг, Чиа фреска како и пилинг за тело, може да ги прочитате ТУКА

Прегледи:
498
Објавено на:
02.11.2021