Категории

Неколку модни трикови кои ќе ја издолжат вашата фигура

Ако не сте висока толку колку што сакате, веројатно тоа се обидувате да го постигнете со високи потпетици, што не е практично кога имате ден полн со обврски и кога треба да поминете повеќе километри.

Добрата вест е што тој ефект на издолжување на фигурата може да се постигне со неколку стилски трикови…

# Носете иста боја од глава до пети…истата боја од горе до доле визуелно го издолжува телото. Ако пак одберете да се облечете во црно ќе изгледате и потенко од што сте.

ista-boja-od-glava-do-peti-01

# Истакнете го најтенкиот дел на вашето тело…ако имате исклучително тенок струк или пак тенки зглобови привлечете го вниманието на тој дел од телото. Crop top и midi сукња се одлична комбинација за дами со тенок струк и ситна градба.

istaknete-go-najtenkiot-del-od-teloto-02

# Носете вертикални риги…тоа е еден од најкористените стилски трикови  за издолжување на силуетата. Спротивно од хоризонталните риги кои ќе ве скратат, вертикалните ќе ви помогнат во вашата намера.

vertikalni-rigi-03

# Избегнувајте ремени…ременот е моден додаток кој пониските дами ќе ги “пресече“ на половината и тие ќе изгледаат пониски. Ако баш не можете да се откажете од него, нека биде тенок колку малиот прст.

# Внимавајте на должината на сукњата…одберете сукња со должина која ќе и ласка на вашата фигура. Ако сте ниска дама внимавајте вашата сукња да биде еден сантим под колената  и на тој начин ќе го истакнете најтенкиот дел од вашите нозе, а ако сакате мини сукњи нека биде доволно долга да го покрие бедрото онаму каде почнува да се шири. Ако пак се решите за midi сукња задолжително носете ја со високи штикли бидјеќи во спротивно ќе изгледате пониско и подебело од што сте.

vnimavajte-na-dolzinata-na-dolnisteto-05

# Бидете внимателна со oversized облеката…ако сте ситна дама избегнувајте го овој тип на облека. Бидејќи ќе изгледате како да сте позајмиле преголема облека. Парчињата кои совршено и прилегаат на вашата силуета ви одат најмногу во ваша корист.

Прегледи:
495
Објавено на:
15.02.2016