Експертите препорачуваат да спиеме со чорапи во студените ноќи бидејќи така ќе заспиваме многу побрзо. Кога студените нозе се загреваат, крвните садови се шират и топлината се спушта по телото. Така мозокот добива сигнал дека е време за спиење и човек заспива 15 минути порано, тврдат научниците од универзитетската психијатриска клиника во Базел.
Чорапите, исто така, помагаат во жешки бранови, напукнати потпетици, па дури и ги засилуваат оргазмите.
Кинеската медицина, исто така, препорачува носење чорапи во кревет, бидејќи тие ја подобруваат циркулацијата на крвта.
– Ладните нозе ја истоштуваат животната енергија „ци“ од телото и можат да попречат на протокот на виталната енергија и на напојувањето на телото со крв. Затоа сакаме „ци“ и крвта да циркулира – вели д-р Елизабет Тарнер, која е специјалист за кинеска медицина.
Не само што се препоралува носењето на чорапи во текот на спиењето туку токму тие можат да ви помогнат ако имате проблем со несоницата.
извор:бркајработа.мк