Категории

Неколку трикови за чиста и миризлива кујна

За фрижидерот да нема мирис, оставата да биде без инсекти, а шпоретот да блеска не се потребни јаки хемиски средства туку само малку труд.

– Ако фрижидерот ви мириса непријатно, непријатниот мирис ќе го неутрализирате ако во него држите шолја со сода бикарбона или кафе. Нив менувајте ги на секои два месеца.

– Посипете сода бикарбона на местата на кои имате забележано мравки, тие многу брзо ќе се повлечат.

– Ако плинскиот шпорет ви потемнел, сјајот ќе му го вратите ако го истриете со пресечена главица кромид.

– Мирисот кој се шири додека готвите зелка ќе се неутрализира ако во неа додадете малку оцет.

– Кристалните и стаклените садови ќе го вратат својот сјај ако пред миење добро ги истриете со смеса од еднаква количина оцет и изрендан компир. Потоа садовите исперете ги со млака вода (никако ладна) и избришете ги со памучна крпа.

– Ако имате алуминиумски садови кои потемнеле од употреба, во нив варете кора од јаболка и садовите ќе ја вратат својата боја.
Ако имате и вие некој ваков совет, споделете го со нас…

Прегледи:
434
Категории:
Дом и семејство
Објавено на:
08.02.2016