Категории

Немојте да чекате да огладнете за да јадете

Иако чувството на глад е добар знак дека вашиот метаболизам работи, сепак тоа не би смеело да биде знак дека тогаш треба да јадете.

Ако јадете само кога ќе ви паднат залихите на енергија и кога вашето тело ќе моли на го нахраните, тогаш би можеле да имате и последици.

Гладот доведува до прејадување
Луѓето кои ги прескокнуваат оброците и јадат нередовно често, јадат повеќе со цел да ги надохнадат оброците кои ги прескокнале. На вашето тело му е потребна храна на секои три до четири часа со цел метаболизмот да не успори и за да не почувствувате пад на енергијата, безволност и желба за нездрава храна. Што подолго на своето тело му ускратувате храна тоа повеќе ќе ви паѓа нивото на шеќер во крвта, поради што вашето тело ќе бара храна богата со шеќери.

Гладувањето не помага во слабеењето
Луѓето мислат дека губат килограми ако гладуваат, но ако прехрамбениот план му се состои од гладување, брзо ќе се откажат од него. Освен тоа, ако гладувате, вашето тело ќе почне да штеди енергија поради што ќе складира масти и троши помалку калории. Уверено е дека така се спасува оставајќи што е можно повеќе енергија за подоцна.

Јадете помалку здраво
Кога сте гладни, не сте свои – мотото на познатото чоколадо, но и факт. Кога сте гладни, поголеми се шансите да посегнете по првото нешто кое ќе ви падне под рака, како чоколадо. Таквиот начин на исхрана не резултира со здрав начин на живот.

Гладот е лош за вас
Некои од симптомите кои го следат гладот се неможност да се концентрирате, непријатно чувство во стомакот, слабост, вртоглавица, мачнина, иритираност, главоболна, и проблеми со спиењето.

Како да го препознаете гладот
Научниците тврдат дека постојат три видови глад: физичка, психолошка и опортунистичка. Физичката е нагон да јадеме, додека психолошката активира емоции и всушност желба за нешто друго а не храна. Опортунистичката глад е кога ќе видите храна и сакате да ја јадете, иако дотогаш не сте чувствувале глад.

Прегледи:
573
Објавено на:
09.11.2020