Категории

Необичен феномен: Ледени топки на плажа во Финска! (ВИДЕО)

Ова неверојатно видео е дело на фотографот Ристо Матила, а на него може да се види еден необичен феномен на плажа во Финска, каде што целата плажа е прекриена со јајцевидни ледени топки.

Овие „ледени јајца“ се наоѓаат на островот Хајлуото во Ботнискиот залив меѓу Финска и Шведска. Експертите велат дека овој феномен е предизвикан од реткиот процес во кој ветерот и водата тркалаат парчиња од лед.

Погледнете како изгледа тоа!