Категории

Необични особини кои ги красат интелигентните луѓе

Спрема едно истражување, чии резултатите се објавено во магазинот Language Sciences Journal, докажано е дека нашите навики за нашата интелигенција зборуваат многу повеќе отколку што се сметало досега.

Откриена е поврзаност помеѓу зачестеното користење на пцовки и големината на вокабуларот. Со други зборови, спрема споменатото истражување, оние кои почесто пцујат имаат побогат вокабулар од оние кои не го прават тоа.

„Кога се во прашање пцовки, вообичаена е претпоставката дека оние кои пцујат се мрзеливи, немаат адекватен вокабулар, дека се необразовани и дека едноставно не можат да се контролираат“ – стои во известувањето во кое пишува дека реалноста е потполно поинаква.

„Говорниците кои користат табу зборови ја разбираат нивната општа изразна содржина како и суптилните разлики помеѓу нив. Способноста да ги воочат благите дистинкции сведочат за широкото лингвистичко знаење“ – наведуваат истражувачите.

Исто така, Independent објави податок во кој опишува истражување во кое учествувале илјада студенти од универзитетот во Мадрид. Тестираните биле испитувани врз темел на нивните навики на спиење. Студијата покажала ека тоа се студенти кои останувале будни до доцна во ноќта и во просек постигнувале подобри резултати кај индуктивното заклучување што е добар показател за интелигенција, успех во училиште и размислување надвор од оквирите.

Покрај тоа, студијата сроведена на универзитетот во Минесота, дошла до резултат дека личностите кои живеат во неред се покреативни од оние кои живеат во уредна околина.

Како што пишува во студијата, голема е веројатноста дека личностите кои живеат во чисто опкружување живеат здраво и се точни, но не и покреативни од оние кои работат во неред и хаос.

Прегледи:
646
Објавено на:
03.12.2020