Категории

Неочекувани причини поради кои може да ви се создаваат акни

Во текот на тинејџерските денови, акните умеат да бидат еден од најчестите проблеми. Меѓутоа, што да се прави кога тие одбиваат да ја напуштат територијата и во зрелата доба?

Акните се познат кожен проблем од кој страда голем процент од луѓето. Тие настануваат кога фоликулите на влакната се натопуваат со масло и мртви клетки на кожата. Како резултат на тоа се појавуваат мозолки на различни делови од телото, најчесто на лицето, градите, горниот дел од грбот, рамента и вратот. Меѓутоа дали нешто кое несвесно го правите може да допринесува во тоа сеуште да не можете да го решите проблемот со акните?

НЕДОСТАТОК НА ЦИНК ВО ОРГАНИЗМОТ
Една од причините за појава на акни е недостаток на цинк во организмот. Цинкот е важен минерал кој е познат по својата улога во одржување на здравиот имунолошки систем. Недостатокот на цинк може да доведе до дијареа, дерматитис и лош имунолошки систем.
Бројни студии откриваат поврзаност помеѓу недостатокот на цинк во организмот и појавата на акни.
Морската храна во себе содржи цинк па е препорачливо да биде на вашето дневно мени доколку се борите со акните, тука се и јаткастите плодови и интегралните житарки.

КОРИСТЕЊЕ ПРОИЗВОДИ ЗА НЕГА НА КОСА
Сулфатите и силиконите кои често се наоѓаат во производите за нега на коса можат да дојдат во допир со кожата на лицето и да ги затворат порите на неа. Освен нив, производите за коса со висока концентрација на масло во себе, исто така можат да бидат причина за затворање на порите и настанок на акни. Обрнете внимание на составот на производот кој го користите кога ја миете косата и ја негувата, и обавезно измијте го лицето откако ќе завршите со миењето на косата со цел да бидете сигурни дека нема останато траги од споменатите производи.

НЕПРАВИЛНО ПЕРЕЊЕ НА ЧЕТКИТЕ ЗА ЛИЦЕ
Доколку секојдневно нанесувате шминка на лицето а не ги перете вашите четки минимално еднаш неделно, тоа може да биде причина за појава на акни на вашето лице. Насобраните бактерии на четките автоматски доаѓаат во контакт со вашата чувствителна кожа и создаваат проблеми во облик на акни.Млаз топла вода и благо сретство за чистење се сосема доволни да се елиминираат сите бактерии.

ВЕЖБАЊЕ СО ШМИНКА НА ЛИЦЕТО
Факт е дека сите сакаат да изгледаат убаво во текот на тренингот, меѓутоа ако имате проблеми со акни, носењето шминка на лицето за време на тренингот е доста лош потек. Кога се потите, порите на лицето природно се отвараат за да излезе потта од нив, меѓутоа се случува шминката во тој случај да ги затвори порите и да создаде погодно тло за развој на бактерии.

Прегледи:
584
Објавено на:
11.10.2020