Категории

Неодоливо слатко задоволство – Напиток со вкус на јагода кој сите го обожаваат

После популарното whipped coffee, ни доаѓа напиток со вкус на јагода за кој сме сигурни дека нема да му одолеете

Откако започна пандемијата на коронавирус, „изматеното“ кафе стана вирален хит. Се работи за напиток кој се подготвува од еднаква количина на инстант кафе, шеќер и вода и кој се микса во кремаста смеса и потоа се прелива врз коцки мраз и млеко.

Сите оние кои не пијат кафе или сакаат да го намалат внесувањето на овој напиток во организмот, можат да направат и бескофеински напиток по ист рецепт.

Блогерката Валентина Муси, позната по своите извонредни рецепти и по името Sweet portfolio, објави на својот инстаграм профил видеотуторијал за изматено млеко од јагода (whipped strawberyy milk), кој за кратко време доби огромна популарност.

Изматеното млеко од јагоди има кремаста текстура, сладок вкус и неодолива розова боја. Покрај се, се подготвува лесно ако имате мискер и овие неколку состојки.

Состојки за подготвување:
-1 лажица инстант напиток од јагода
-4 лажици крем за шлаг
-400 мл млеко
-Неколку коцки мраз

 

View this post on Instagram

🍓WHIPPED STRAWBERRY MILK🍦🥛⁣ ⁣ ☕️Another alternative to #whippedcoffee… I bring to you Whipped Strawberry Milk made using one of my favorite childhood drinks ever, Nesquik!⁣ ⁣ ✨All you need is 1 tbsp of Strawberry Nesquik and 4 tbsp (1/4 cup) of heavy whipping cream. Mix it until your arm is numb and serve over cold or hot milk🍼⁣ ⁣ 🌝What do you think? Are you sticking to #dalgona coffee or trying one of these alternatives?⁣ .⁣ .⁣ .⁣ .⁣ .⁣ —⁣ #dalgonacoffee #whipped #frappe #nesquik #bigbiteszn #asmr #socialdistancing #recipe #recipevideo #asmreating #asmrfood #asmrvideo #recipeoftheday #easyrecipes #recipes #recetas #foodvideo #buzzfeast #tastingtable #huffposttaste #thefeedfeed #foodcoma #wshh #eattheworld #cheatday #sugarrush #teampixel⁣

A post shared by Valentina Mussi✨Sweetportfolio (@sweetportfolio) on

Подготовка:
Во голем сад измешајте го кремот за шлаг и инстант напитокот од јагода. Со помош на миксер матете додека смесата не се претвори во шлаг.

Разледете го млекото во две чаши и наполнете ги со коцки мраз.

Со лажица префрлете ја смесата од јагоди на врвот од млекото. Пред да го пробате овој сладок напиток измешајте го шлагот со млекото.

Прегледи:
581
Објавено на:
26.04.2020