Категории

Неопходен зачин на бракот: На овој начин ќе го зачувате својот брак!

Преку што не смееме да поминеме во заедничкиот живот? Понекогаш е невозможно да се прости, а некогаш по простувањето односот само може да се влоши. Не постои пар кој не доживеал конфликтни ситуации, болка, разочарување.

Кога зборуваат за бракот, стручњаците честопати го истакнуваат значењето на толеранцијата, компромисот, флексибилноста. Една работа која ретко се споменува, а во својата основа постои во сите овие е простувањето.

Она што е солта за храната, тоа е простувањето за бракот. Неопходна состојка, не зачин. Простуваме секој ден ако сакаме заедницата да успее. И секој ден сме пред искушение. Кога двајца луѓе живеат толку блиску во секоја смисла, буквална и метафоричка, некогаш мора да се згазат. Но, кога треба да се врисне, а кога треба да се премолчи?

Таму каде што царуваат критиката и криците, љубовта се гаси. Ако не му ги простуваме грешките и несовршеностите на партнерот, ќе настапи незадоволството кое многу бргу се претвора во огорченост. А таа има постојана тенденција да расте. Простувањето ја чува заедницата, ќе ве посоветуваат постарите кои функционираат во повеќедецениски бракови. Но, каде е границата на простувањето во бракот? Каде се завршува неопходната толеранција, а почнува доживотното трпење? Што треба да се прости, а преку што не смееме да поминеме? Како да простиме, а да го зачуваме личниот интегритет и достоинство?

Понекогаш ситуациите поради кои настанува конфликт се секојдневни, како што е заборавање на состанок или некоја работа која не сме ја довршиле. Сепак, за некои парови конфликтот настанува поради значајни прашања како што се неверството, зависноста или насилството. Се чини дека е потполно индивидуално како секој од нас ја доживува границата до која може да простува.

И навистина е така, некој би простил и шест неверства, а некој ни бакнеж. Некој не сака да прости ни повишен тон, а некој ќе прогледа и преку шамарите и насилството. Некој ќе каже збогум бидејќи партнерот по кој знае кој пат не го фрлил ѓубрето, а некој ќе ги прифати сите домашни обврски. Кога проблемот ќе настане, имаме две насоки. Првата е простувањето, а втората премолчувањето.

Простувањето претставува одлука или избор да се откажеме од осветата, враќањето со иста мера, негативните мисли кон партнерот за да се ослободиме од интензивната лутина, бес. Овој процес подразбира повторно воспоставување на внатрешниот мир. Исто така, треба да се посочи што не претставува простување. Простувањето не е заборавање и преминување преку сѐ. Бидејќи некогаш е невозможно да се прости, простувањето не значи секогаш смирување. Проблемот и болката претставуваат прилика за преиспитување на односот и шанса тој евентуално да се постави на нови поцврсти темели. Или да се напушти.

Прегледи:
486
Објавено на:
16.10.2018