Категории

Нешта кои на Божиќ не смеете да ги објавувате на социјалните мрежи

Можеби сте лути сте лути на целиот свет и на вашиот партнер кој не успеал да ви го погоди подарокот кој сте го посакувале, или сте лути на моменталните мерки.

Еве кои нешта никако не смеете да ги објавувате на социјалните мрежи за Боќиќ.

Подароци кои не ви се допаднале
Без оглед на тоа колку подарокот не ви се допаднал, дали партнерот погрешил или вашата мајка ви подарила нешто иритантно, Божиќ е време кога треба да ги цените длабоките вредности на семејството и да бидете благодарни. Оставете ги таквите нешта офлајн. Секој од нив вложил труд за вашиот подарок и неговата вредност не би требала да го засени вашиот однос а најмалку тоа треба да биде изложено на социјалните мрежи.

Фалење со подароците кои сте ги добиле
Секогаш имајте на ум дека тоа го правите пред куп други луѓе. Забавно е кога тоа го правите кога сте дете но никако не доликува за една возрасна личност. Вие можеби имате многу и тоа е супер за вас, но има многу луѓе кои ќе го причитаат вашиот статус а немале нити за семеен ручек и живеат од плата до плата или не можат да им дозволат на своите деца нити најмал подарок. Бидете чувствителни спрема другите затоа што тоа е смислата на Божиќ.

Слики од другите без нивна дозвола
Денес добро знаеме за заштитата на приватноста и зошто е толку неопходна. Затоа, немојте да се правите на „блесави“ и да бојавувате фотографии од другите само затоа што вие сте испаднале добро, особено ако се работи и за деца. Најпрво прашајте ги, а ако се работи за децата посоветувајте се со родителите па потоа објавете.

Било каква изјава која ги омаловажува другите религии
Можеби не знаете кој од вашите пријатели точно го слави Божиќ а кој само Нова Година. Ако добиете порака која не е во потполност насочена кон вас немојте да се лутите затоа што сите желби се изразени со добра намера.

Било што кое вашиот шеф би можел да го види
Понекогаш се опуштаме премногу и на своите профили објавуваме нешта кои не се баш добри да ги видат различни групи на пријатели. Затоа внимавајте што објавувате во пијана состојба.