Нештата кои ги правиме, или не ги правиме денес, во иднина може да станат големи грешки или пропусти.
Сепак, постојат некои ситуации во кои многумина од нас би се впуштиле а подоцна за тоа жестоко би се покаиле. Ако не сте еден од нив, сеуште не е доцна за да ги избегнете навреме.
Да бидете и да останете во деструктивна врска
Многу луѓе остануваат во деструктивни врски затоа што се плашат дека нема да најдат некој друг и дека на крајот ќе завршат сами. Сепак, десет години подоцна станува јасно дека е подобро да се биде сам отколку да се живее со личност која донесува многу разочарување, болка и навреди.
Поминување малку време со саканите
Во циклусот на одење на работа и извршување на домашните обврски, многумина од нас посветуваат малку внимание на саканите. За жал, тоа често се сфаќа многу доцна, кога децата ќе пораснат и ќе започнат самостоен живот, односот со партнерот заладува, или нешто ќе им се случи на нашите родители.
Изгубено време
Гледање ТВ емисии, „дремење“ на социјални мрежи, играње игри на телефон – сето тоа одзема доста време. Време кое можете да го потрошите на доста позначајни нешта кои ќе го подобрат квалитетот на вашиот живот.
Водење нездрав живот
Ние го уништуваме нашето здравје кога секојдневно се препуштаме на искушенијата и имаме лоши навики. Дури и ако нашето здравје е во ред, после некое време најверојатно ќе ги почувствуваме последиците на несериозниот став спрема него.
Малку време за патување
Само мал број луѓе сонуваат за патувања. Сепак, желбата за комфорно патување кое често не може да се приушти останува на крајот само желба баш поради парите. Треба да се има на ум дека може да се отпатува некаде и за малку пари но да се има незаборавен помин.
Премногу работа
Луѓето кои поминуваат многу време на работа и немаат никаква друга окупација или семејство, треба да знаат дека работата е важна но не смеат да заборават на слободното време за опуштање и за себе.
Работа која не ја сакате
Често продолжуваме да работиме на место кое не го сакаме само поради нашата неодлучност и неспремност да ја преминеме сигурносната зона. Сепак, ако не ризикуваме и не промениме нешто во нашите животи, можеме едноставно да „исчезнеме“ во работата која не не интересира.