Категории

Несовршености кои привлекуваат – 3 машки „маани“ кои жените ги обожаваат

Машкиот шарм е доста тешко да се опише со зборови, но многу пати во тој сокриен сексапил допринесуваат ситници кои мажите ги прават посебни и неверојатно неодоливи. Ги прашавме жените за што точно се работи и наидовме на доста интересни одговори.

Очила
Иако во детството ги избегнувавме момчињата кои го имаат тој изглед на „бубалица“, денес очилата се совршен моден детал кој предизвикува голем интерес кај жените доколку некој маж ги носи. Очилата со диоптер даваат впечаток на зрелост, искуство и интелигенција а ниедна жена не може да им одолее на овие особини.

Тродневна брата
Младата брада од три дена е вистински мамец за припадничките на понежниот пол. Не се работи за брада како таква, туку помалку бунтовничка со доста лежерен изглед кој со помош на соодветна гардероба му дава фраерски став на мажот кој зрачи со сексапил.

Седи влакна
Анкетата спроведена врз неколку испитанички покажа дека повеќе од две третини од жените ја доживуваат проседената коса како доста секси. Ричард Гир своевремено бил зачетник на проседениот изглед кој и ден денес мами воздишки кај жените.

Иако денес голем број мажи посегнуваат по фарбите за коса откако со цел да ги прикријат првите знаци на стареење, жените побрзо би исбрале уредно потстрижен и проседен маж отколку вештачки изглед кој не може нити да се забележи.