Категории

Неверојатни фотографии од вевчански супер бабички кои на грбот носат дрва

На Facebook групата Патувања низ Македонија се објавија неверојатни фотографии од вевчански супер бабички кои на својот грб носат дрва. Фотографиите ги објави корисникот на Facebook кој е потпишан Марко Алмеида, и за само 2 часа се споделени 88 пати, имаат 136 коментари и 2600 лајкови.

Според коментарите, ова е стара традиција за селата околу Струга, каде што жените собираат иверици од дрва за да се топлат во зимата. Додека некои расправаат дека овие жени се социјално загрозени и во финансиски незавидна состојба, па поради тоа собираат дрва; други луѓе викаат дека жените се во сосема стабилна состојба и ова го прават поради традиција и поради физичка активност.

Иако не можеме со сигурност да тврдиме поради кои причини овие женички собираат дрва, фотографиите се фасцинантни.

 

Прегледи:
758
Категории:
Галерија
Објавено на:
14.09.2020