Категории

Невидливата нишка помеѓу двајца луѓе на кои им е судено да бидат заедно

Легендата вели дека постои некоја нераскинлива врска на судбината која ги спојува двајца луѓе на кои им е судено да бидат заедно. Тие се поврзани еден со друг без оглед на времето, местото или ситуацијата. Ништо не може да го скини конецот помеѓу овие луѓе на кои им е судено да бидат заедно.

Оваа нишка е претставена во црвена боја. Оваа боја е поврзана со привлечноста и страста. Исто така ова е бојата која ги спојува сродните души.

Верувањето за Црвениот конец на судбината настанало во древна источна Азија. Според митот, боговите им врзале црвена нишка околу зглобовите на оние на кои им е судено да се запознаат еден со друг или да си помогнат еден на друг на некој начин.
Како и многу други стари легенди, приказната за потеклото на црвената нишка е дискутабилна. Кажано е дека шетајќи, една ноќ, мало дете загледало старец како чита книга. Го прашал што чита, а старецот рекол дека тоа е книга за браковите, и му рекол на малото момче дека му е судено да се ожени со едно девојче. Но тогаш кога тој му покажал на кое девојче мисли, на момчето не му се допаѓала помислата дека мора да се ожени еден ден. Фрлило камен врз тоа девојче и истрчало дома најбрзо што можело. По многу години, бракот помеѓу него и една од најубавите девојки во селото бил договорен. Тој миг кога го подигнал велот, сфатил.
Неговата жена имала мала лузна кај веѓата. Кога ја прашал како ја добила лузната, таа му рекла дека кога била мала некое момче фрлило камен по неа. Тоа било доказ на нивното судбоносно спојување.

Целта на оваа мудрост е да се прифаќаат вишите сили. Судбината ќе се одигра а со тек на време се ќе дојде на едно место. Важно е само да не се борите против црвената нишка.
Дури и ако ја пронајдете личноста на другата страна на оваа нишка, тоа не значи дека ќе ви биде лесно да останете заедно. Верувањето вели ека потребна ви е доверба, посветеност и сочувство.

Небитно е колку сте оддалечени или блиску до таа личност, нишката останува. Ќе постојат времиња кога ќе бидите физички и психички оддалечени од таа личност, но оваа нишка и понатаму ќе ве спојува.