Поради ставот, карактерот и животната филозофија, следните хороскопски знаци честопати се наоѓаат во улогата на „другата жена.“
Водолија
Овој знак гледа на животот премногу слободно и неконвенционално. Водолиите сметаат дека „во љубовта и војната се е дозволено“, со што ја оправдуваат секоја своја морална дилема. Припадниците на овој знак често нема да можат да ја контролираат страста, бидејќи таа сепак е за нив двигател.
Скорпија
Скорпијата сама на себе си е најважна. Не станува збор за себичност туку потреба да ги задоволи своите цели, па макар на тој начин и да прекрши некои правила. Водени од желбата за освојување, овој знак може лесно да се впушти во авантура и тоа во оние во кои се остварува врска со оженет маж.
Овен
Иако Овновите многу добро знаат што е исправно, а што не, тие често се доведуваат себеси во разни искушенија. Кога пред нив ќе се најде добар „плен“ кој успева да го размрда нивниот живот, лесно ќе прифати се. Нивната себичност и желба за освојување и доминација се гледа во тоа што овој знак лесно ќе влезе во забранета врска. Сепак, позицијата на втора жена нема долго да им одговара, па партнерот наскоро ќе мора да направи избор.
Стрелец
Стрелецот освојува со својата енергичност, оптимизам и слободен дух, па на тој начин лесно го придобува вниманието на машкиот пол. Тоа им одговара и затоа лесно ќе се предадат на страста и ќе ги отфрлат сите морални правила. Па дури и кога станува збор за оженет маж.
Близнаци
Колку и да се обидуваат да го сокријат тоа, Близнаците се големи манипулатори, па за нив често се вели дека поседуваат две различни личности. Всушност, станува збор за вродена техника на освојување на се што сакаат, поради што лесно можат да влезат во туѓ кревет. Потребата за авантура им е во крвта, па на тоа ќе гледаат како на ново искуство во животот.
Бик
Иако Биковите имаат непоколебливи ставови, поради својата нагласена романтика и посесивност можат да ја преминат границата и да впловат во романса со маж кој што е оженет. Но, тоа важи само во моментите кога ќе забележат голем потенцијал и квалитети кај партнерот покрај кој можат да се замислат.