Категории

Никол Шерцингер доби милионска понуда за да се врати во групата The Pussycat Dolls

Фановите би биле среќни ако членките на оваа група повторно да се обединат

Неодамна се прошири веста дека некогаш најголемата женска група на светот – The Pussycat Dolls се враќа на сцената, на чело со Никол Шерцингер.

Сепак, радувањето на фановите набрзо се заврши откако една од членките ги демантирала овие наводи.
Како што пренесува “The Sun”, Никол неодамна добила понуда од неколку милиони долари за да се врати во групата и заедно со девојките да снимат албум и турнеа да ја одблежат десетгодишната разделба. Изворот меѓу другото изјави:
„Оваа турнеа ќе биде огромна а групата ќе ги пее своите најголеми хитови, но се зборува дека ќе може да сними и нов албум.“

Иако оваа вест го заобиколи цел свет, вестите кои ја демантираа дојдоа од поранешната членка Ешли Робертс. На тоа таа додаде : „Тоа се само трачеви, но ќе ви кажам дека ако еден ден се случи тоа, верувајте дека моите фанови први ќе бидат известени“

Прегледи:
497
Објавено на:
24.09.2019