Категории

Нов хит на интернет: Со лош фотошоп отишла на одмор во Кина (ФОТО)

Севе Гат од Кенија одлучила својот одмор од соништата да го помине во Кина, па дури и да не стапне на кинеско тло. Таа замолила свој пријател, да обработи нејзини фотографии во фотошоп, со цел да покаже дека ги посетила сите знаменитости на споменатата земја.

Според фотографиите, Севе го посетила Кинескиот ѕид, опасната туристичка патека Хуашан, како и многу други знаменитости. Фотографиите испаднале урнебесно смешни, бидејќи нејзиниот пријател очигледно не знаел добро да ја користи програмата за уредување на фотографии.

Севе станала вистинска сензација на интернет, но привлекла голем број великодушни бизнисмени. Додека многумина се пошегувале на нејзина сметка, извесен бизнисмен Сем Гичуру и’ ветил дека ќе и’ го плати патот до Кина. Тој го одржал ветувањето. И’ платил престој во хотел со четири ѕвездички, здравственото осигурување, a и’ дал и џепарлак за да може да ги посети знаменитостите од фотографиите во Кина.

Тоа што ги „трогнало“ многумина е фактот што Севе овие фотографии ги објавила на Фејсбук со бројни натписи.

„ Ја напуштив земјата, одам за Кина“, „ Уживам насекаде“, „ Последен ден на посетатата, збогум Кина “ – гласеле некои од натписите.

Корисниците на социјалните мрежи веднаш осмислиле нова ознака на Твитер #WhereIsSeveGatsNow (Каде е Севе Гат во моментот) и објавуваат нови фотошопирани фотографии. Така оваа Нигерија досега го „посетила“ Дубаи, а се фотографирала и со Доналд Трамп.

Прегледи:
554
Објавено на:
25.03.2016