Категории

Нов моден тренд: Би се осмелиле ли да ги облечете овие фармерки?

„Со овие фармерки изгледате како бездомник, а за повеќе од 8.000 денари колку што чинат може и да станете бездомник“, ова е само еден од коментарите на корисниците на друштвените мрежи за новиот тренд на фармерки.

Фармерките низ историјата, од облека за работници стана еден од најомилените модни додатоци, па денес има секакви модели – тесни, трапезоидни, со висок или низок струк, светли или темни…


Сега се појави и нов тренд кој доаѓа од Лос Анџелес, а за тоа е „виновен“ брендот Кармар, кој нуди екстремно исечени фармерки, кои апсолутно ништо не и оставаат на имагинацијата. Се состојат од рабови, џебови и патент.

Прегледи:
480
Објавено на:
04.05.2018