Ваков начин на средување на веѓи посебно ќе им се допадне на дамите кои имаат благо проретчени влакна, бидејќи создава ефект на волумен.
View this post on Instagram
По бројните бизарни трендови за разубавување на веѓи кои се менуваа во претходниот период, се појави еден нов кој ги воодушеви припадниците на поубавиот пол.
Судејќи по коментарите, како и по брзината со која овој тренд се шири на социјалните мрежи, лавовските веѓи (lion eyebrows) стануваат се попопуларни. Лавовските веѓи треба да бидат дебели и густи како гривата на ова животно.
View this post on Instagram
Како се постигнува овој изглед?
Едноставно четкајте ги веѓите нагоре, а потоа може да им додадете проѕирен гел за веѓи за да го задржите тој облик. Во случај да имате претенки или ретки веѓи, можете со моливче да го создадете ефектот на лавовски веѓи.