Категории

НОВ ВИДЕО ЗАПИС НА ПОПУЛАРНАТА МАКЕДОНСКА ГРУПА „ЛИБЕРО БЕНД“

Либеро Бенд постои од јуни 2011 година. Со нивниот разновиден репертоар и се претставија на Македонската јавност како млад, оптимистичен бенд, се калеа со свирки во кафулиња, ресторани а исто така можат да се пофалат и со настапи во поголемите дискотеки во Скопје и Македонија но и со неколку настапи во Европа.

Либеро бенд оставаат белег како најперспективен бенд во моментов на Македонската музичка естрада. Оформија свој стил на музика и се стремат да остават свои траги на ова нивно музичко поднебје.

Денес, можат да се пофалат и со нов видео запис на нивната нова песна „Најмила“ кој што официјално ќе излезе на 14ти февруари.

Можете да го погледнете краткиот тизер од песната ТУКА.