Категории

Новата прва дама на САД – Џил Бајден воодушеви во грациозно тиркизно одело

Новиот претседателски пар на САД – Џил и Џо Бајден во пресрет на инаугурацијата посетија црква во Вашингтон, а новата прва дама избра сина комбинација за денешните настани. Тиркизно сината боја беше избрана заради нејзината посебна симболика.

Новата прва дама се појави во сино палто со кадифена јака под која носеше фустан што ја следи линијата на телото во горниот дел, додека долниот дел е А-крој. Деколтето на фустанот беше украсено со бисери Сваровски и кристали од нежен цветен дезен. Истите овие кристали го красат палтото и фустанот и суптилно ја рефлектираат светлината. Креацијата е потпишана од американската дизајнерка Александра О’Нил, основач на брендот Маркаријан. Што се однесува до чевлите, првата дама се одлучи за беж салонки. Таа носеше и ракавици и сина маска за лице.

Прегледи:
656
Објавено на:
24.01.2021