Категории

Новиот проект на познатата македонска инфлуенсерка Марис Џолин во соработка со Линеа

Моментално една од најпознатите македонски инфлуенсери Марис Џолин со над 40.000 следбеници, уште попозната по нејзините уникатни модни видеа и транзиции на социјалните мрежи, официјално ја претстави својата линија – by.maryse во соработка со модната куќа Линеа.

Марис по професија е дипломиран архитект која во слободно време ги користи социјалните мрежи за да им помогне на девојките ширум нашите простори со секојдневни трикови за поубав изглед како и совети за мода, убавина итн. Препознатлива е и по умешноста секое парче да го трансформира за носење на повеќе начини, па така фактот дека парчињата од новата колекција може да се носат на 35 начини не не` изненадува.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by М А Р И С (@marysejolene)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by М А Р И С (@marysejolene)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by М А Р И С (@marysejolene)

За колекцијата:
„При секој нов дизајн, водена сум од потребата на клиентот. Така и овој пат, се прашав-што и треба на секоја жена? Да биде убава, да се чувствува сигурно, да и биде удобно, да и биде практично и да заштеди! Целта е постигната! Направивме парче облека кое ќе одговара на 5 различни прилики. Кога за нечија инвентивност се има трпение и сенс да се препознаат нечии движечки идеи и размислувања, резултатите создаваат една синергија која раѓа нешто ново. Тоа сме ние, Јас и Линеа. Тие-тие препознатливи на европскиот пазар заради оригиналноста и практичноста на своите дизајнерски решенија со врвен квалитет, јас-архитект кој умее архитектурата да ја внесе во светот на модата и да направи уметност во движење!“

Полн ормар облека и единственото прашање – што да облечам? Најдовме решение за вечната женска дилема!
Едно парче облека – 5 различни решенија. Лесно, удобно, оригинално, пријатно, посакувано! Бидете различни! Бидете практични! Бидете модерни!

 

 

 

Прегледи:
789
Објавено на:
13.05.2021