Категории

Новороденче го поздравува својот татко со голема насмевка веднаш штом му го препознава гласот

Познато е дека татковците и ќерките имаат посебна врска, а оваа приказна е доказ за тоа. Таткото Флавио Дантас бил толку возбуден дека насокоро ќе ја запознае својата ќерка поради што и зборувал цело време иако таа сѐ уште била во стомакот на својата мајка.

Тарсила Батиста, неговата партнерка објаснува дека секое утро кога се подготвувала за на работа, Флавио имал навика да го погали стомакот изговарајќи: „Секогаш ќе бидам тука за тебе“. Кога и да го направел тоа, бебето почнувало да мрда.

Кога се родило малото девојче, јасно било дека ќе биде татина ќерка. Веднаш по раѓањето, првото запознавање било неверојатно. Иако спиела, малата Антоанела се разбудила веднаш откако и се обратил нејзиниот татко, поздравувајќи го со огромна насмевка.

Овој неверојатен момент бил овековечен со фотографија која сега е популарна по социјалните мрежи. Погледнете го овој неверојатен момент.