Категории

Облечен како Бетмен спасува животни од еутаназија!

Крис Ван Дорн отсекогаш бил обожавател на познатиот Бетмен така што кога започнал да волонтира за разни организации за спасување на животни во Орландо, Флорида, решил да ги комбинира своите две страсти и да користи костим за Бетмен, со цел да се обрне внимание на важноста за посвојувањето на миленичиња.

Првично, 27-годишното момче го користел костумот на суперхерој како средство за одржување на сите негови спасувачки мисии анонимни. Неговите добри дела на крајот го открија неговиот вистински идентитет откако се најде во центарот на вниманието, кога беше прикажан како почесен GoFundMe херој во мај 2019 година.

Откако ја основал својата непрофитна организација Batman4Paws, Ван Дорн започнал со проектите за спасување на кучиња од еутаназија носејќи ги кај семејства кои се подготвени да ги усвојат и да им ја дадат потребната љубов. За среќа, написот на GoFundMe помогнал да се финансираат мисиите на Ван Дорн за спасување и неговата страница за финансирање собрала околу 32.000 американски долари во текот на последните десет месеци. Ван Дорн се надева дека ќе успее да наиде на помош во вид на донација за поголемо комбе за да може да го замени својот сегашен Бетмобил – скромна Honda Accord – и да пренесува повеќе животни во неговите спасувачки мисии.

Тој, исто така, планира да ја користи и својата пилотска дозвола за авион како поефикасно средство за транспорт на кучињата кои се во неволја.