Категории

Облеката нема пол – Стрејт оженет татко носи здолништа и потпетици на работа

61-годишниот амерички инженер за роботика, Марк Брајан вели дека е среќно оженет стрејт маж кој е татко на три деца, тој сака да носи здолништа и високи потпетици на работа. Марк верува дека облеката нема пол.

„Облеката нема пол, дури и ако носам машка маица и женско здолниште и потпетици – тоа е облека која нема пол за мене“ – вели Брајан.

Тој сака да носи сакоа и кошули какви што носат мажите на работа но сака да ги комбинира со женски здолништа и потпетици. Во последните четири години, Марк поставува слики од своите комбинации на Инстаграм. Тој изјави дека единствената причина поради која се облекува вака е „бидејќи можам“. Тој потенцира дека секогаш бил воодушевен од женската моќ за тоа што носат здолништа и потпетици на работното место.

Иако секојдневно го пречекуваат различни коментари, и добри и лоши, тоа не го спречува да се облекува така. Тој за прв пат почнал да носи здолништа и потпетици додека бил на колеџ со неговата тогашна девојка. Тие отишле на забава на која таа го натерала да облече здолниште и потпетици и да танцува со неа. Тогаш тој сфатил дека облеката всушност нема пол и почнал да се искажува себеси преку изборот на гардероба.

Брајан за себе вели дека е доста мажествен маж и нема проблем со тоа да носи здолништа и потпетици во јавност. На работното место вели дека колегите го почитуваат и му се восхитуваат. Тој исто така изјави дека често го прашуваат која е неговата сексуална ориентација а тој секогаш одговара дека тоа не е нивна работа потенцирајќи дека е стрејт и сака жени.

„Зошто носењето здолниште треба да го поттикнува прашањето каква сексуална ориентација имам? Сте виделе ли жена која носи панталони да биде запрашана која е нејзината сексуална ориентација? Тоа е бесмислено!“ – вели Брајан.