Категории

Облеката од венчавката на принцот Хари и Меган Маркл ќе биде изложена во замокот Виндзор

За повеќето луѓе, венчаницата на Меган Маркл и костимот на принцот Хари, можеа да ги видат само оддалеку, на екран или на фотографија.

Официјално се објавува дека тие ќе може да бидат достапни за да се видат одблизу. На 23-ти Октомври ќе бидат изложени во замокот Виндзор како дел од изложбата „Кралска свадба: Војводата и војвотката од Сасекс“.

Во изложбата ќе биде вклучена оригиналната венчаница на принцезата дизајнирана од британскиот дизајнер Клер Вајт Келер и превезот заедно со дијамантското венче. Додека пак, костимот на принцот нема да биде оригиналниот бидејќи тој ќе му биде потребен понатану за кралски средби. Наместо тој, ќе биде изложен друг исти костим за Хари направен пред неколку години од Dege&Skinner.

Изложбата ќе трае до јануари. Неколку месеци подоцна, во јуни, ќе се пресели во Единбургската палата.