Александар Матовски Цако e младо момче од Македонија со Даунов синдром, Тој имаше обраќање во седиштето на Обединетите нации по повод 21 март, Светскиот ден посветен на лицата со Даунов синдром. Порталот Нова ТВ на својот Јутјуб канал го објави обраќањето.
Матовски е роден на 3 февруари 1991 во Скопје, Македонија, како второ дете во семејството. На три месеци му е дијагностициран Даунов синдром. Иако за родителите ова било голем шок, тие одлучиле да се борат за нивното дете. Во 1998 година тој започнува да оди во редовно основно училиште, а во моментов тој ги завршува студиите и е еден од најистакнатите борци за правата на лицата со Даунов синдром.
Тој говореше за личните примери за редовна вклученост во образовниот систем, за социјалната интеграција, поддршката од институциите и околината, но и за емисијата „Јас сум Цако“ која еднаш месечно оди на Радио МОФ. Во Њујорк отпатува во придружба на својата сестра Марија, која беше и негов преведувач за време на обраќањето. Погледнете го неговото обраќање: