Категории

Обратете внимание: Дали е здрава рибата од конзерва?

Конзервираната риба е несомнено поевтина од свежата, подостапна и поедноставна за јадење, но еве каква е нејзината прехранбена вредност.

Сите знаеме колку е значајна рибата во исхраната. Затоа, исклучително е важно барем еднаш во неделата на вашето мени да се најде и рибата. Дали при купувањето на конзервирана риба размислувате за нејзиното потекло, кое влијае врз квалитетот, свежината и нутритивните вредности?

Важно е да се напомене дека Јадранското море е прогласено за едно од најчистите мориња во Европа, богато со минерали, има висока концентрација на сол, која влијае врз вкусот на рибата, а неговата умерена температура гарантира склад во нутритивните вредности.

Што велат стручњаците?

Стручњаците од американскиот Државен земјоделски центар тврдат дека рибата од конзерва има исто толку здрави состојки колку и свежата.

Подолг рок на траење

Конзервираната риба е поевтина и подостапна од свежата, а нејзиниот рок на траење е многу подолг и кај неа, велат, има повеќе калциум отколку кај свежата, бидејќи во конзервите коските од рибата омекнуваат и можат да се јадат.

Да се чува во масло

Доколку се одлучите за риба од конзерва, изберете ја онаа која се продава во масло, а не онаа која само го содржи сокот од рибата, бидејќи има повеќе омега 3 масни киселини. Маслото помага при зачувувањето на хранливите состојки во рибата, за разлика од водата.

Сардината е одличен избор

Сардината изобилува со високо количество на протеини што може да се спореди со количеството кое го содржи месото, додека протеинот од рибата е многу полесен и подобро се апсорбира. Таа е богата со витамини и минерали како што се Б витаминот, кој обезбедува нормално функционирање на нервниот систем, витамин А, витамин Д и калциум, кои во комбинација влијаат врз јакнењето и одржувањето на коските, фосфор, магнезиум, јод и селен. 

Тоа што посебно ја издвојува сардината е високото ниво на омега 3 масните киселини, кои го намалуваат нивото на холестерол и позитивно влијаат врз здравјето на какрдиоваскуларниот систем.

Уште една добра вест за оние кои се наоѓаат во педесеттите години од животот – сардината може да ви помогне да го спречите губењето и намалувањето на видот.

Прегледи:
2080
Објавено на:
04.04.2018