Категории

Очигледни факти кои луѓето не сакаат да ги прифатат

Постојат некои животни вистини кои никој не сака да ги признае

Дали некогаш сте се се запрашале зошто луѓето прават едни исти грешки? А со тој не баш паметен спорт се чини дека се бават скоро сите, дури и многу паметните и образовани луѓе.
Еве кои се тие:

Стално им простуваат на сите, и помагаат злото да помине неказнето
Многу мудреци советуваат дека морате да умеете да простувате и само така ќе стапите во новиот ден со чисти мисли и дух. Но никој не кажува дека всушност постојат две врсти на простување.
Едната врста е простување засновано на преминување на сопствените негативни искуства, поради постигнување на хармонија со себеси и тоа се однесува само на вас, а не на личноста која ве навредила. Целта не е да простувате, туку да не обвинувате, и тоа е убаво, корисно, и неопходно.
Овде не се работи за тоа како да се однесувате спрема личноста која ве навредила. За жал, било да се однесува прв или којзнае кој пат, вие му помагате на таа личност да стекне верување дека нејзините постапки можат да поминат неказнети.

Животните неуспеси се неминовни
Успешните луѓе станале успешни поради тоа што многу пати паднале и доживеале неуспех, биле одбиени, но не се предавале. Стивен Кинг бил одбиван речиси 95% во своите обиди, поголемиот дел од луѓето на негово место би се откажале и би рекле дека тоа едноставно не е за нив, но Стив одлучил да продолжи и да се обиде повторно и повторно.

Парите се сепак важни
Парите не донесуваат среќа, љубов или здравје. Да, но сепак постојат многу поголеми шанси за сето тоа кога имате пари отколку кога ги немате.

Секогаш кажи „Да“ – не е најдоброто правило
Прочуениот филм на Џим Кери советува дека треба да се биде отворен кон светот и да се прифаќаат сите предизвици. Но во реалноста, не сите предизвици се рационални избори. Секако пред да се каже „Да“, треба добро да се разгледа и опцијата „Не“.

Не паднале сите неправди на светот само на вас
Сите луѓе на светот водат свои борби, дури и оние кои ви изгледаат безгрижно и исполнето како да не виделе потешкотија во животот. Но не сите од нив одлучуваат да ги покажат јавно.

Сите луѓе носат маски
Ќе се сложите со фактот дека на работа, насамо со партнерот и во друштвото се однесувате како три сосема различни личности. Во секое друштво буквално ставаме маска која најмногу му одговара на околината и на средината, затоа не треба да се чудите ако да речеме, се испостави дека некој ваш колега е далеку од она во кое се претставувал. Тој не е лицемер, смао ја променил маската, а вие тоа случајно сте го забележале.

Не сите ваши пријатели ви се пријатели
Во раното детство сигурно сте ги имале десетици, но како сте растеле и сте стигнувале до својата зрелост, нивниот број постепено се намалувал. Постојат пријатели со кои можете да зборувате со часови пиејќи кафе, но и пријатели на кои можете да му ги кажете најдлабоките тајни во 3 часот по полноќ.

Прегледи:
634
Објавено на:
05.11.2019