Категории

Од ден во ноќ, минливоста на времето претставена преку уметничка инсталација во боите на виножитото

Креаторот на ова колоритно уметничко дело е архитектката и дизајнерка Emmanuelle Moureaux. Таа се изразува преку уметнички инсталации употребувајќи светли бои и тридимензионални елементи.

Во нејзиниот последен проект, како дел од серијалот 100 Colors, ја создала досега најголемата инсталација со виножито како тематика.

Color of Time  е името на нејзиното последна изложба во музејот за уметност и дизајн во Тојана, Јапонија, а се состои од 120.000 бројки кои лебдат, создавајќи структура од 100 слоја.

Посетителите имаат можност да прошетаат низ редовите исполнети од подот до таванот со бројки, кои се движат од 0 до 9. Секој ред од бројки претставува дел од денот.

Од изгрејсонце во 6:30 наутро до зајдисонце во 19:49 часот. Како што посетителите одат понатаму во просторот, се менуваат и боите кон потемни нијанси, претставувајќи го визуелно доаѓањето на ноќта.

„Во тунелот, небото е обоено во бои кои се преливаат од бледи до темни бои, пловеќи низ времето.“ раскажуваат од музејот. „Ви прави да го чувствувате текот на денот и постепеното изминување на времето.“

  

Прегледи:
647
Објавено на:
15.03.2018