Иако можеби за некој е пријатно дома, за други карантинот ги спречува во активности што сакаат да ги направат.
За среќа, љубителите на уметноста и музејот сега можат да патуваат низ светот и да ги гледаат светски познатите уметнички дела од нивната дневна соба, благодарение на Google Arts & Culture.
Оваа дигитална платформа собра колекција од над 1200+ музеи и галерии. Во зависност од музејот, гледачите можат да се движат низ избрани слики од реномирани колекции и, во некои случаи, да пребаруваат низ „street view“галеријата, како виртуелна турнеја. Меѓу најдобрите наведени институции е музејот Ван Гог во Амстердам, кој може да се пофали со најголема колекција на дела од холандската пост-импресионистичка уметност; Галеријата Уфизи во Фиренца, дом на Ботичелиевитеренесансни ремек дела Примавера, британскиот музеј во Лондон, во кој се сместени археолошки богатства како што е каменот Розета и мумијатаод антички Египет. Покрај тоа, љубителите на архитектурата можат да го истражат модерниот, спирален дизајн на музејот Гугенхајм во Њујорк, дизајниран од Френк Лојд Рајт.
За да им помогне на креативците и обожавателите на историјата да го започнат своето патување, Гугл состави список на топ 10 најдобри музеи:
- The British Museum, London
- Guggenheim Museum, Njujork
- Musée d’Orsay, Pariz
- National Museum of Modern and Contemporary Art, Seul
- Pergamon Museum, Berlin
- Rijksmuseum, Amsterdam
- The J. Paul Getty Museum, Los Anđeles
- Uffizi Gallery, Firenca
- MASP, Sao Paulo
- National Museum of Anthropology, Meksiko Siti
Посетете 1200 најпознати светски музеи од удобноста на вашата дневна соба!