Категории

Од грозје и круша направете слатко овошно еже

Правењето декорации од храна е навистина интересно кога имате некој роденден, прослава или било каква забава.

Го надополнувате просторот со нешто интересно кое сигурно сите гости ќе го забележат, а ова се одлични идеи особено за децата.

Потребно ви е:

  • 1 круша
  • грозје
  • две каранфилчиња
  • црна маслинка
  • чепкалки за заби

Крушата ја чистите и ја пресекувате на половина, каранфилчињата ќе ви послужат како очи за ежот, додека маслинката за нос. Наредете го грозјето со чечкалици и добивате слатко овошно еже.