Категории

Од социјална помош до богатство: 7 факти за животот Џ.К. Роулинг за кои не знаевте

Неодамна во кината имавме можност да го погледнеме вториот дел од серијата „Фантастични ѕверки: Злосторствата на Гринделвалд“, а мислењата за филмот се поделени. Додека го чекаме третиот дел од приказната (планирани се 5 дела), дознајте нешто повеќе за авторката Џ.К.Роулинг, креаторката на популарните книги за младиот волшебник Хари Потер.

1. Почна да пишува поради депресија
Животот пред Хари Потер беше далеку од совршенство за Џ.К. Роулинг. Во 1993 година се разведе од сопругот Хорхе Арантес со кого живееше во Португалија и страдаше од клиничка депресија. Во тоа време немала пари и морала да се грижи за својата ќерка Џесика Изабел, поради што се пријавила за социјална помош. Почна да пишува за авантурите на младиот волшебник, бидејќи верувала дека нема што да изгуби.

2. Нејзината мајка влијаеше врз нејзините книги
Шест месеци откако почна да ги пишува книгите за Хари Потер, нејзината мајка почина од мултиплекс склероза. Бидејќи беше многу приврзана кон неа, нејзината смрт сериозно ја погоди. Ова, исто така, влијаеше врз изборот на темите во овој популарен серијал. Роулинг призна дека најмногу жали што нејзината мајка никогаш не ги прочитала книгите за Хари Потер.

3. Не се откажуваше од својата цел
Тешко е да се поверува дека за Хари Потер немало интереси од страна на издавачите. Првиот ракопис на Роулинг го отфрлиле дури 12 издавачки куќи, пред Bloomsbury да реши да ја објави книгата. Одлуката за издавање на “Хари Потер и каменот на мудроста” падна откако извршниот директор на компанијата ракописот и го даде на својата ќерка, која инзистирала да дознае што понатаму ќе се случува со волшебникот.

4. Ја натерале да го промени своето име
Издавачите инсистирале Џоана Роулинг да го промени своето име, бидејќи верувале дека публиката нема да сака да чита книга напишана од жена. Писателката одлучи да ги користи иницијалите на нејзиното име (Џоана) и на името на нејзината баба (Кетлин). Не треба ни да споменеме дека никој не се грижеше за полот на авторот на оваа фантастична серија на книги.

5. Книгите опфаќаат многу автобиографски елементи
Џ. К. Роулинг е родена на истиот ден како и нејзиниот лик Хари Потер – 31 јули. Но, ова не е единствениот автобиографски елемент во книгите. Многу ликови и настани се инспирирани од нејзиниот вистински живот. На пример, ликот на Хермиона ја претставува авторката кога имала 11 години. Во книгите е важна и железничката станица King’s Cross, каде што за прв пат се запознале нејзините родители.

6. Роулинг има големо срце
Џ.К. Роулинг е една од најбогатите писатели во светот. Со Хари Потер заработи повеќе од 1 милијарда фунти, а голем дел од тие пари се дадени за хуманитарни цели. Роулинг е основачот на фондација “Лумос“, која се грижи за децата во сиропиталиштата низ целиот свет, им помага на децата кои боледуваат од СИДА и е голем застапник на фондацијата “Хавен”, која обезбедува финансиска поддршка за уметниците кои не можат да работат поради болест или несреќа.

7. Страстен е љубител на чевли
Кога ги троши парите за себе, Џ.К. Роулинг најмногу сака да купува чевли. Опседната е со чевли со високи потпетици, па затоа многумина мислат дека е многу повисока од 162 сантиметри.