Категории

Одличен десерт кој се приготвува за половина час: Егзотични палачинки со кокос! (РЕЦЕПТ)

Овој рецепт ќе ве натера да го приготвувате често за целото семејство!

Состојки:

  • 4 големи јајца
  • 330 гр рикота сирење
  • 2 лажици шеќер
  • кора и сок од лимета
  • 70 гр брашно
  • 25 гр кокосово брашно
  • 2 лажици масло
  • ¼ лажичка сол

Подготовка:

  • Измешајте жолчка, сирење, кокосово брашно, шеќер, со сок и кора од една лимета.
  • Додадете брашно и промешајте.
  • Белката посолете ја и изматете ја во цврст шлаг.
  • Измешајте ја белката во смесата со жолчката и сирењето.
  • Загрејте го маслото на тавче, ставете го тестото и печете мали палачинки 2-3 минути од секоја страна.
Прегледи:
448
Објавено на:
18.03.2019