Категории

Одличен зимски рецепт за варен џин (РЕЦЕПТ)

Мирисот на зимата некако го идентификуваме со мирисот на варено вино. Меѓу омилените зимски зачини се цимет и каранфилче, кои речиси немаат конкуренција, но и тоа може да се смени кога на сцената ќе се појавуви варен џин.

Овој тренд доаѓа од Велика Британија, а за вас подготвивме едноставен рецепт за подготовка на варен џин. Покрај тоа што е многу пријатен по вкус, овој пијалак, исто така, има и лековити својства.

Рецепт: 25 мл џин, 200 мл сок од јаболко, 1 лажичка мед, цимет, ѓумбир, анис.

Загрејте 200 милилитри природен сок од јаболко, потоа додатете лажичка мед и зачини по желба, како цимет, каранфилче, ѓумбир и анис. Кога водата ќе зоврие додадете 25 милилитри џин.

Количината можете да ја прилагодите според сопствените желби, во зависност од вкусот кој го преферирате. Чашата можете да ја декорирате со портокал или парче лимон.

Прегледи:
547
Објавено на:
21.12.2018