Категории

Одвоеното спиење со партнерот го подобрува сексуалниот живот: Прочитајте зошто!

Британските истражувачи спровеле истражување кое докажало: одвоеното спиење може да ја спаси романтичната врска.

Речиси половина од 1,5 илјади испитаници изјавиле дека се чувствуваат непријатно кога го делат креветот со партнерот. Меѓу главните причини е ‘рчењето, неспособноста да се пронајде удобна положба и режим на мирување, што не е во склад со режимот наа другата половина.

16% од паровите одлучиле да престанат да спијат заедно со партнерот во ист кревет. И тоа има позитивно влијание врз развојот на нивните сексуални односи.

Учесниците во истражувањето потврдиле дека почнале почесто да имаат сексуални односи откако одлучиле да спијат во посебни спални соби.

Зошто се случило тоа?

Стручњаците имаат неколку објаснувања. Прво, ноќ во својот кревет каде што никој не го попречува вашиот сон, помага при опоравување по напорниот ден. Опуштањето, за возврат буди привлечност кај партнерот. Спиење и одмор – подготвени сме за сексуални активности и експерименти. Но, лошиот квалитет на спиењето го намалува либидото. Второ, сензацијата во текот на сексот исчезнува ако креветот со партнерот го делиме низ годините.

За жал, немаат сите можност да живеат во стан со две спални соби. Меѓутоа, тоа може да се реши со купување два кревети. Во многу земји ваквиот начин на живот одамна престанал да биде егзочитен.

На пример, според Националниот фонд за спиење на САД, четвртина од паровите редовно спијат во различни кревети, водејќи сметка за квалитетот на својот одмор. Во Канада, речиси 40% од љубовните парови спијат сами во кревет.

Прегледи:
634
Објавено на:
21.05.2019