Категории

Омилениот цртан од детството станува серија – Се враќаат ‘Powerpuff Girls’

Прекрасна вест стигна за сите носталгичари во носа. Култното трио – Blossom, Bubbles и Buttercup се враќаат на малите екрани. ‘Powerpuff Girls’ станува live-action серија во продукција на познатата америчка мрежа The CW.

Адаптацијата ќе ги прикажува суперјунакињите во своите 20-ти години кои се огорчени поради изгубеното детство поминато во борба со злобниците. Но, со оглед на тоа што на светот му се заканува најголемото зло досега, ќе мораат да се соединат и да одлучат дали повторно ќе ги искористат своите способности.

Оригиналните ‘Powerpuff Girls’ настанаа под палката на Крег МекКракен и беа прикажувани од 1998 до 2005 година и се здобија со статус на култен Cartoon Network цртан. Како деца обожававме да ги гледаме трите девојчиња кои настанаа сосема случајно откако професорот Utonium измеша ‘sugar,spice and everything nice’ со мистериозна хемикалија.

На серијата помеѓу останатите ќе работи и авторката Diablo Cody која се прослави со Оскарот со кој беше награден филмот ‘Juno’.