Категории

Оние кои страдаат од розацеа треба да внимаваат на топлина и зачинета храна

Топлината предизвикува ширење на крвните садови што доведува до црвенило и осип на кожата. Симптомите често можат да се помешаат и со други кожни заболувања, па точната дијагноза е првиот и најважниот чекор.

Доколку имате розавеа, треба максимално да се штитите од топлина и сончеви зраци. Ширењето на крвните садови доведува до влошување на оваа кожна болест.
Освен надворешната температура, на розацеата неповолно влијае алкохолот и зачинетата храна или премногу топлата храна.
Црвенилото на кожата може да се влоши до таа мера што пациентот има чувство дека лицето му „гори“, а честа е појавата на пецкање и чешање.

Дерматолозите советуваат, пациентите кои боледуваат од розацеа да избегнуваат активности кои доведуваат до ширење на крвните садови. Особено треба да обрнат внимание на лековите кои ги пијат, затоа што тие се најодговорни за ширењето на крвните садови и влошувањето на симптомите или провоцирање на нејзината појава.

За правилно да се излечи розацеата дерматологот треба да постави дијагноза, затоа што таа може да личи и на други кожни заболувања.

-Розацеата неретко има симптоми кои може да изгледаат како себороичен и стероиден дерматитис, лупус, дерматомиозитис и мастоцитоза. Нејзиното лечење зависи од клиничката слика и зафатеноста на кожните промени, а за почеток на терапијата најважно е да се укинат сите нешта кои ја предизвикуваат.

Терапијата за розацеа може да биде локална, со примена на креми, но и систематска која подразбира примање на лекови.

Прегледи:
1046
Објавено на:
09.05.2020