Категории

Оној кој сака да биде во твојот живот – Ќе даде сѐ од себе за го направи тоа


Постои само една вистина а тоа е дека оној кој сака да биде дел од твојот живот – способен е да стори се за да биде. Ќе вложува труд, ќе се обидува да ти се доближи и да стане дел од твоето секојдневие. 

Постои само една вистина а тоа е дека оној кој сака да биде дел од твојот живот – способен е да стори се за да биде. Ќе вложува труд, ќе се обидува да ти се доближи и да стане дел од твоето секојдневие.
Ако не го прави тоа – едноставно откажи се.

Не мораш да ги мразиш поради тоа. Немој да се трудиш да ги уништуваш во своите мисли. Прифати го тоа и продолжи понатаму. Понекогаш таа личност ќе ти недостига и ќе се прашуваш себеси зошто не била подготвена да те цени, да те сака и да биде тука за тебе, но престани со тоа во истиот миг. Престани да се измачуваш и да бараш изговори на нештата за кои постои само еден одговор – вашите патишта се различни, тоа не е личност која е наменета да биде во твојот живот. Толку е едноставно.
Зошто упорно да се држиш за некого кој не сака да биде дел од твојот свет? Бесмислено е.

Наместо да се фокусираш на оние кои заминале, фокусирај се на оние кои останале тука и покрај се и биди благодарен за нивното присуство. Фокусирај се на луѓео кои секојдневно ти пружат љубов и поддршка, кои не заминале и тогаш кога било најтешко, и тогаш кога ги имале сите причини да заминат. Постојат личности кои се толку многу среќни што те имаат во својот живот. Немој да ги сфаќаш несериозно.
Не труди се да задржуваш никого. Тоа ќе те направи посреќен со себеси и со секој нов ден ќе бидеш послободен.

Прегледи:
584
Објавено на:
29.07.2020