Категории

Оној што ja граби само за себеси, никогаш нема да ја фати среќата

Еднаш едни деца виделе еден старец како оди по улицата со голема корпа на рамото, полна со светли sвезди. Со лесен замав на раката, тој ги зграпчуваше од корпата од време на време и се вртеше како да сее. Тогаш многуте ѕвезди трепереа околу него како јато искри.

„Што правиш?“- прашаа децата, горејќи од љубопитност.
„Јас сеам среќа!“ – одговорил човекот и мирно ја продолжил својата работа додека меѓу неговите прсти светкаа прекрасни драгоцености од кои, во детските очи, се излеваа топли бои на виножитото.

Освоени од таа убавина, малите веднаш побрзаа да ја фатат среќата, но залудно. Дури и најбрзиот од нив останал со празни раце.


„Залудно е она што го правите“ – мистериозно рекол старецот. „На тој начин никогаш нема да ја фатите.“
„ Зошто?“ – децата зачудено прашаа.

Насмеан, старецот им одговорил:
„Само кога ќе научите да посеете радост и убавина околу вас, ќе бидете поканети на жетвата на среќата.“

Оној што ja граби само за себеси, никогаш нема да ја фати среќата

Прегледи:
479
Објавено на:
04.03.2021